Монпелје по Веспрем, го реши и Кјелце

Ракометарите на Монпелје остварија уште една фантастична победа во ЛШ откако на триумфот над Веспрем се надоврзаа со славје во Полска против екипата на Кјелце (27-29). Триумфот е уште позначаен ако се знае дека францускиот вицепрвак допатува без двајцата најдобри ракометари, Диего Симонет и Мелвин Ричардсон, но и со значително ослабен состав успеа да го совлада полскиот шампион.

Триумфот е апсолутно заслужен, Монпелје водеше цел натпревар, на одмор замина со 12-14, а потоа го контролираше резултатот до самиот крај. Домаќините благодарение на голманот Волф се приближија на еден гол разлика, но гостите од Франција сепак најдоа начин да ја сочуваат предноста и на крајот да се радуваат на значајни бодови на ова тешко гостување.

Суси постигна седум, а Порт и Дескат по четири голови за Монпелје, додека кај Кјелце најефикасен беше Јанц со седум погодоци.

Францускиот состав со овој триумф се израмни со Вардар со по шест бода на табелата, еден помалку од лидерот Кил.

Се вчитува...