Монструозен МВП-печат на Јокиќ, Денвер го презеде врвот на Западот (ВИДЕО)

Денвер славеше во дербито на Западот во НБА лигата триумфирајќи против Минесота со 114-106. А, секако благодарение на партијата на Никола Јокиќ, пред се во последната четвртина.

Јокиќ запиша 41 поен, дополнети со 11 скока и седум асистенции за уште еден негов монструозен МВП-печат.

Српскиот кошаркар се запиша во НБА историјата престигнувајќи го Вилт Чембрлен, на листата на најдобрите асистенти во историјата. Сега пред него е само еден кошаркар, а тоа е Карим Абдул-Џабар со неверојатни 5660 асистенции.

Денвер по оваа победа имаат 56 победи и 24 порази на првото место на Западот, а Минесота е втора со 55 победи и 25 порази, колку што има и Оклахома која славеше против Сан Антонио со 127-89.

Се вчитува...