Монтела: Голманот беше најдобар играч на Шкендија

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, имаше причина за задоволство по одличниот настап на неговиот тим и убедливата победа од 6-0 над составот на Шкендија.

„Одигравме одличен натпревар и морам да сум задоволен, иако во секој случај гледам простор за напредок. Гледав натпревари на Шкендија и знаев дека треба што побрзо да ги отвориме и да стигнеме до рано водство. Го сторивме тоа и стигнавме до лесна и убедлива победа. Нивниот голман им беше најдобар играч, одбрани повеќе извонредни шутеви на нашите фудбалери“ – изјави Монтела.

Без оглед на убедливата предност од Милано, младиот стручњак најави подеднакво залагање на своите избраници и на реваншот за седум дена во Скопје.

„Знам дека имаме голем број на фанови и на Балканскиот полуостров, мило ми е што ќе патуваме во Скопје. Ги покканувам сите наши навивачи да дојдат на стадион на реваншот“ – порача Винченцо Монтела.

  

Се вчитува...