Монтела по пристигнувањето во Скопје: За Милан секој меч е важен, така и овој!

Експедицијата на Милан вечерва околу 19 часот пристигна во Скопје во пресрет на утрешниот реванш натпревар од плеј-оф квалификациското коло за Лигата на Европа.

Веднаш по пристигнувањето стратегот на „миланезите“, Винченцо Монтела одржа прес-конференција во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, нагласувајќи дека без разлика што се допатувани со комбиниран тим ќе играат максимално во одбрана на дресот на Милан.

„Точно е дека сме допатувани со комбиниран состав. Утре ќе имаме некои измени во тимот, но не затоа што го потценуваме противникот туку затоа што до декември ќе играме на секои три дена фудбал. Затоа нема потреба да ги оптоваруваме фудбалерите уште од сега. За Милан секој натпревар е важен, така и овој против Шкендија утре на кој сакаме секако да дојдеме до победа“ – рече Монтела.

Милан има предност од убедливи 6-0 од првиот натпревар одигран на „Сан Сиро“…

„Јасно е дека веќе се гледаме во групите од Лигата на Европа. Но, апсолутно тоа не значи дека сакаме со пораз да заминеме од Скопје. Сега ќе биде сосема поразличен натпревар од оној во Милано, сега Шкендија игра на домашен терен и ќе сака пред своите навивачи да остави далеку подобар впечаток. Но, и ние максимално сериозно му пристапуваме на натпреварот желни за триумф.“

Шкендија и Милан реванш дуелот го играат утре од 20:45 часот на „Телеком арената“ во Скопје.

Се вчитува...