Монтела: Севилја е идеална за моите идеи

Севилја денес го претстави новиот тренер Винченцо Монтела, италијанскиот стратег кој треба да го предводи тимот во следната година ипол. Наследникот на Едуардо Берицо истакна дека Севилја е идеален тим да ги примени своите идеи во фудбалот, но посочи дека тимот ќе мора да игра со поголема страст, како и одговорност доколку сакаат оваа сезона да виде успешна.

„Мило ми  е што добив шанса да работам во оваа прекрасна средина. Севилја е идеален тим за остварување на моите идеи во фудбалот. Воодушевен сум од атмосферата во овие простории, стадионот и навивачите се прекрасни, ми останаа убави спомени од моето последно гостување тука кога ја водев Фиорентина и се сретнавме во Лигата на Европа. Се надевам дека за брзо време ќе почнеме да се подобруваме, мене ми е важно моите играчи да покажат желба за победа на теренот, но воедно да бидат одговорни, а доколку сме заедно и во добро и во лошо, ќе следуваат и позитивни резултати“, истакна Монтела.

Се вчитува...