Монтела: Шкендија е добар тим со одлични напаѓачи

Милан има голем респект за македонскиот вицепрвак Шкендија, а тренерот Винченцо Монтела вели дека тоа е добар тим со одлични напаѓачи. Сепак, потенцира дека исходот на двомечот во плејофот на Лигата на Европа зависи од „росонерите“.

montela milan

„Шкендија е добар тим со одлични напаѓачи. Тие се во натпреварувачки ритам, одиграа неколку европски натпревари, а почна и нивното домашно првенство. Сепак, дали дуелот на „Сан Сиро“ компликуван ќе зависи само од нас. Фокусирани сме и сакаме да оствариме победа, да се пласираме во групите од Лигата на Европа“, изјави Винченцо Монтела, тренерот на Милан, на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Шкендија.

Шпанскиот интернационалец Сусо верува дека Милан ќе слави сигурен триумф на утрешниот меч.

„Очекувам во новата сезона да бидам уште подобар од лани, иако генерално сум задодолен од минатогодишните настапи. Верувам дека ќе бидеме на потребното ниво против Шкендија и дека ќе ја оствариме целта“, истакна Сусо.

Се вчитува...