Монца е третиот тим (по Венеција и Фросиноне) што обезбеди промоција во Серија А откако оваа екипа со многу среќа го мина бараж-двомечот со Катанцаро.
Монца имаше огромни 0-2 по првиот меч на гостински терен, но потоа целосно потфрли на вечерашниот реванш што Катанцаро го доби со идентични 0-2.
Во секоја друга ситуација се очекуваат продолженија или пенали, но во Италија правилата се поинакви, па Монца обезбеди директен пласман во Серија А, бидејќи имала подобар лигашки пласман пред почетокот на баражот (Монца беше трета, а Катанцаро петти по завршувањето на Серија Б).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
