Мораеш: Никој, дури и во Македонија, не веруваше во нас… Сега секој нека се радува!

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Бразилецот Рожерио Мораеш вели дека е ова е најслаткото можно освојување на европскиот трофеј. Вардар со скепса беше испратен на европската одисеја на почетокот од оваа сезона, а никој и пред Ф4 турнирот во Келн не веруваше дека може да се стигне до трофејот.

„Не знам дали е ова за верување. Никој, дури и во Македонија, не веруваше во нас на почетокот од сезоната дека можеме да стигнеме до тука. Имавме многу промени во тимот, промена на тренерот, на ракометари, на многу сериозни проблеми за кои сите знаете и кои не следеа цела сезона и затоа нас ракометарите не обзеде некој инает дека може да успееме. Ова е најслаткото освојување на трофејот. Сега секој нека се радува во Македонија“ – вели Мораеш.

Се вчитува...