Рожерио Мораеш е подготвен за нов предизвик во кариерата откако бразилскиот пивот го договори својот следен трансфер, селејќи се во редовите на Португалија.
Мораеш беше дел од двете шампионски генерации на Вардар во ЛШ, по што се пресели во редовите на Веспрем. Тој беше под договор со Веспрем и за новата сезона, но поднесе барање за раскин поради семејни причини, што му беше прифатено од управата на унгарскиот гигант.
Неполн месец подоцна, Мораеш веќе ги договори условите за едногодишна соработка со Бенфика и се очекува да потпише договор веднаш по минувањето на задолжителните лекарски прегледи, по завршувањето на настапот на ОИ во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА