Мората блесна за Јуве, Бриж го шокираше Зенит во 94. минута

Јувентус триумфираше со 0-2 на гостувањето против Динамо Киев, за намалување на притисокот врз Андреа Пирло по слабите изданија на последните натпревари од Калчо-лигата. Пирло повторно не можеше да смета на Роналдо, додека Дибала влезе во игра дури во второто полувреме, но затоа свој ден имаше Алваро Мората, кој ги постигна двата гола за триумф на „старата дама“.

Шпанецот реализираше на самиот почеток од второто полувреме по една одбиена топка по шутот на Кулушевски, а конечните 0-2 ги постави во финишот, со прецизен удар со глава по центаршутот на Квадрадо.

Бриж во драматична завршница славеше со 1-2 на гостувањето против Зенит. Гостите поведоа преку Денис, Зенит израмни со автогол на голманот по извонредниот шут на Ловрен, за белгискиот првак во 94. минута да постигне и втор гол преку Де Кетелар, за освојување на огромни три бода во Санкт Петербург.

Се вчитува...