Мората е прва желба на Леонардо за ’новиот Милан’

Италијанскиот калчолигаш Милан доби нов мнозински сопственик, а на позицијата спортски директор е именуван Бразилецот Леонардо, кој беше успешен фудбалер, а потоа и тренер на „росонерите“. Сега тргнува во мисија да обезбеди нови засилувања за претстојната сезона, а медиумите на Апенините откриваат дека негова прва желба е Алваро Мората. Шпанскиот интернационалец е член на Челси, но размислување за враќање во Италија, родната земја на неговата сопруга.

Мората во минатото го носеше дресот на Јувентус, а сега би можел да пристигне на „Сан Сиро“. Милан е подготвен да плати 50 милиони евра за неговите услуги, но Челси веќе се изјасни дека за шпанскиот напаѓач бара 10 милиони евра повеќе.

Втора опција за „росонерите“ е Радамел Фалкао, а можно е и размена со Јувентус, во која Леонардо Бонучи би се вратил во Торино, а Гонзало Игуаин би го облекол дресот на Милан.

Се вчитува...