Мората ја доби „деветката“ во Јуве – „Мислам дека сум на вистинско место во вистинско време“

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората повторно ќе го облече дресот на Јувентус, откако по 2015 година се врати во Торино каде премина од редовите на Атлетико Мадрид. Тој се заблагодари на можноста што повторно е дел од италијанскиот шампион и се надева на нови трофеи во претстојниот период.

„Јуве веруваше во мене кога бев млад, а враќањето назад во Торино е мојот сон. Се вратив во Јувентус многу позрел, мислам дека сум на правото место во право време. Јуве е шансата на мојот живот. Прекрасно е што Пирло е тренер на тимот, мислам дека одлично го состави тимот и ќе имаме една неверојатна сезона. Го знам Роналдо многу добро, тој е среќен што е дел од овој тим. Разговаравме многу и пред да дојдам“, изјави Мората. 

 

Се вчитува...