Мората пред Хрватска: Ми се закануваат дека децата ќе си ги видам мртви

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората се најде на удар на јавноста поради големиот број промашувања на Европското првенство.

Критиките продолжија по промашениот пенал на дуелот со Словачка, а Моата обелодени дека по трите натпревари во групната фаза добил заканувачки пораки кон него лично, но и кон неговото семејство.

„Не можев да спијам по мечот со Полска. Добив голем број на закани кон мене и кон моето семејство. Добив порака во која се надеваат дека моите деца ќе умрат. Сега сум малку подобро, но навистина бев скршен. Веројатно не ја завршив работата како што треба и ги прифаќам критиките. Не знаат какви закани добивам. Кога ќе се случи трагедија ќе речат само „добро дете беше“. Секогаш кога ќе влезам во соба и ќе го земам телефонот знам дека сум добил голем број закани“, вели Мората. 

Шпанија во осминафиналето ќе игра против репрезентацијата на Хрватска, а натпреварот е закажан во понеделник со почеток во 18 часот.

Се вчитува...