Мората: Сари има голема доверба во мене и затоа ќе останам во Челси

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората, и покрај неколку понуди кои ги имаше ова лето, одлучи да остане на „Стемфорд бриџ“. За тоа е ’виновен’ новиот менаџер Маурицио Сари, кој верува во квалитетите на напаѓачот.

„Пред неколку дена имав сериозен разговор со Маурицио Сари. Ми рече дека има голема доверба во мене и побара да останам во клубот. Истото го добив како одговор и од директорката Марина Гранковскаја. Ова беше и повеќе од доволно за да останам на „Стемфорд бриџ“. Не очекува нова возбудлива сезона во Премиер – лигата“, изјави Алваро Мората.

Се вчитува...