Мората се враќа во тимот на Челси за дуелот со Рома во ЛШ

Напаѓачот на Челси, Алваро Мората, би требало да се врати во составот на Антонио Конте за дуелот од Лигата на шампионите против Рома. Италијанскиот стратег очекува Мората да биде подготвен за настап в среда, кога неговиот тим на „Стемфорд бриџ“ ќе го пречека составот на Рома.

„Имаме тројца повредени фудбалери. Мората ќе се врати многу брзо, се надевам веќе на следниот меч. Дени Дринквотер напредува добро, а Канте ќе паузира 20 дена“, изјави Антонио Конте.

Челси денеска му гостува на Кристал Палас во Премиер – лигата, а Мичи Батшуаи треба да го предводи нападот на „сините“ од Лондон.

Се вчитува...