Мората: Судбината пак ме спои со Конте

Алваро Мората веќе неколку дена тренира со новите соиграчи од Челси и одлично се адаптира во новиот клуб, каде ќе го наследи Диего Коста како предводник на нападот на англискиот шампион. Тој не го крие задоволството што ќе може да настапува во Премиер-лигата, но најмногу од се што во Челси ќе има можност да работи со Антонио Конте.

Слободно можам да кажам дека ми беше судбина да играм за Антонио Конте. Тој е тренерот што ме доведе во Јувентус во 2014, но потоа непосредно пред сезоната си замина. Тогаш бев многу разочаран, но еве сега добивам можност да настапувам за овој тренер, кој секогаш знае да го извлече најдоброто од фудбалерите“ – изјави Мората.

Тој е воодушевен од квалитетот на играчкиот кадар во Челси, најавувајќи дека англискиот првак е способен да се бори и за титулата во Лигата на шампионите.

Овде имаме многу добри играчи и убеден сум дека ќе имаме извонредна сезона. Можеме да освоиме многу трофеи, верувам дека со овој тим можеме да ги победиме и Реал Мадрид и Барселона“ – истакнува новиот голгетер на „сините“ од Лондон.

Се вчитува...