Морено Цар: Вардар е моќен тим без оглед на проблемите

Нексе веќе го зеде скалпот на Пелистер во осминафиналето од СЕХА-лигата, а хрватскиот вицепрвак се надева дека во претстојниот двомеч ќе успее да го изненади и Вардар, за втора година по ред да се пласира на Ф4 турнирот од регионалното ракометно натпреварување. Фактот дека се актуелни прваци му ја носи на Вардар фаворитската улога на овој двомеч, а во таборот на Нексе се свесни дека „црвено-црните“ можат да одиграат на високо ниво и покрај сериозните проблеми со кои се соочија во последните месеци.

„Најважно од се е да се фокусираме на нашата игра и во ниту еден момент да не размислуваме за нивните проблеми, бидејќи Вардар и покрај се има моќен тим. Неколку ракометари си заминаа, но Вардар може да се носи со секого, да не заборавиме дека пред две седмици го растури Мотор со десет гола во ЛШ. Се уште има врвни крила, плејмејкер, пивот… но ние ќе бидеме подготвени за нив“, изјави голманот Морено Цар.

Првиот натпревар меѓу Нексе и Вардар ќе се игра во Нашице на 8 март, со почеток во 17 часот. Реваншот е закажан за 15 март во Скопје. Победникот од овој двомеч ќе се пласира на Ф4 турнирот од СЕХА-лигата, што годинава ќе се одржи во Задар.

Се вчитува...