Мориба му одговори на Куман откако го исфрли од тимот на Барса: Само приказни, а никој не ја знае вистината!

Младиот фудбалер Илаиш Мориба е исфрлен од тимот на Барселона откако одби да потпише нов договор.

Талентираниот 18-годишен фудбалер од средниот ред побара далеку подобри финансиски услови за да потпише нов договор, а Барселона поради тешката ситуација одби да му даде 100.000 евра на месечно ниво, односно зголемување на годишната плата од два на три милиони евра.

Поради одбиениот потпис Мориба е исфрлен од екипата, па сега самостојно тренери и нема да игра се додека не потпише нов договор.

И тренерот на Каталонците, Роналд Куман вчера искажа разочарување од однесувањето на Мориба.

„Зборував со него пред само една недела повеќе како човек, отколку како тренер на Барселона. Се наоѓа во ужасна ситуација. Тој е иднина на клубот, а воопшто не тренира и не игра со нас. Знам што може овој клуб да му понуди и мојот совет беше дека парите не се најважното нешто, туку само да игра. Сепак, тој и неговите агенти одлучија поинаку. Разочаран сум затоа што лично повеќе верувам во фудбалот отколку во ставките во договорите. Со 18 години парите не смеат да ти бидат најважната работа“ – порача Куман.

По овие негови зборови веднаш се огласи и Мориба, кој преку социјалните мрежи објави краток цитат.

„Илјада приказни, а никој не ја знае вистината“.

Мориба минатата сезона одигра 14 натпревари за Барселона во Ла Лига, постигнувајќи еден гол и запишувајќи три асистенции.

Се вчитува...