Морнар преслушан од „студентите“ пред гостувањето во Скопје

Следниот противник на МЗТ во АБА лигата, Морнар по пораз во црногорскиот дуел од 5. коло против Студентски Центар со 75-84 ќе гостува во Скопје. Составот од Бар негативата од 16-24 по првите 10. минути ја претвори во минимална предност на полувремето (42-40), но немаше сили во вториот дел во кој „студентите“ доминираа на двата дела од теренот.

Најдобриот играч на Морнар, Дарон Расел кој се претстави во регионалното првенство со 41 поен против Игокеа, 47 поени против Задар и 35 против Цибона, денеска исто како и на дуелот со Партизан беше лимитиран, овој пат на 15 поени. Предводник на Студентски Центар со 16 поени беше Џексон.

Гостувањето на црногорскиот состав во Скопје е закажано за во петок од 18 часот на  отварањето на 6. коло од АБА лигата. Во овој дуел МЗТ Скопје ќе ја бара втората победа во АБА, додека Морнар гостува со учинок од две победи и три порази.

Се вчитува...