Мота: Дали Пандев е препороден? Тој секогаш бил одличен, чест е да тренираш таков играч

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев со аплаузи синоќа беше испратен од навивачите на Наполи на гостувањето на Џенова во Неапол. Не го забораваат наполитанците ефектот на Пандев во дресот на нивниот клуб, исто како што и новиот тренер на Џенова, Тијаго Мота не може да го игнорира квалитетот на македонскиот репрезентативец.

Токму затоа Мота, по крајот на синоќешниот натпревар, отворено го потенцираше значењето на Пандев за неговиот тим.

„Јас ако зборувам за Горан Пандев можам само да давам комплименти. Сите ние знаеме за каков фудбалер се работи, и знаеме колку е значаен за нашата екипа. Бевме соиграчи со Пандев во Интер, а сега имам привилегија да го тренирам“ – истакна Мота и дополни:

„Ме прашувате дали Пандев сега повторно се вратил во форма? Па, тој и никогаш не бил надвор од форма, тој секогаш е одличен само некој треба да го види тоа“.

Џенова ремизираше без голови на вчерашниот натпревар со Наполи, а Пандев одигра 80 минути.

Се вчитува...