Мота маестрален – Пандев и соиграчите испишаа историја во Серија А

Џенова ја прекина серијата слаби резултати со триумфот над Бреша, а новиот тренер Тијаго Мота успеа и да стигне до неверојатен подвиг во својот прв натпревар на клупата во Серија А. Имено, Џенова ги постигна трите гола во второто полувреме, и тоа со голови на трите резерви што Мота ги избра да влезат во игра во вторите 45 минути.

Тој на полувреме го внесе во игра Агудело, во 58. минута на теренот влезе и Пандев, а седум минути по него и Кристијан Куаме. И токму Агудело го израмни резултатот, потоа Куаме со „ножички„ донесе предност, за нашиот Горан Пандев да стави печат на значајната победа на Џенова.

Никогаш досега во историјата на Серија А се немаше случено три резерви од иста екипа на еден меч да се запишат меѓу стрелците, но Мота дефинитивно ги погоди замените.

Се вчитува...