Тиаго Мота во понеделник ќе биде промовиран за нов тренер на Јувентус. Тоа е повеќе од јасно откако денеска актуелниот предводник на Болоња одбил да потпише нов договор со клубот кој му бил понуден.
Болоња сакаше да го продолжи договорот со човекот кој го одведе тимот во Лигата на шампионите, но со неговиот потег кажа што мисли, односно само ги потврди најавите дека има намера да го води Јувентус.
Јувентус е без тренер откако пред неколку дена му даде отказ на Масимилијано Алегри. Заминувањето на Алегри се шпекулираше подолго време, но причината „Старата дама“ ја објасни дека го менува поради „недолично однесување во финалето на Купот“.
Јувентус после последното коло и официјално ќе го промовира Мота за нов тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА