Мотив за „спартанците“: Награда од 50.000 евра за шампионот на Европската лига

Европската Одбојкарска Федерација (ЦЕВ) ги објави деталите околу новата натпреварувачка сезона во Европската лига, во која повторно дел ќе биде и селекцијата на Македонија. Она што е значајно за истакнување е што ЦЕВ обезбедува и финансиски средства за учесниците, па така шампионот на ова натпреварување ќе биде награден со 50.000 евра, а вкупната сума што репрезентациите ќе ја поделат изнесува 156.000 евра. Во ситуација кога нашата одбојкарска федерација кубури со беспарица, јасно е дека овие средства би биле добредојдени за овој спорт да почне да се развива во посакуваните размери.

ЦЕВ обелодени дека во 2018 Европската лига ќе биде поделена на „златна“ и на „сребрена“, при што Македонија е дел од „сребреното друштво“ и ќе се најде во групата А заедно со Летонија, Австрија и Косово. Во втората група ќе се најдат Белорусија, Хрватска, Унгарија и Албанија.

evropska liga odbojka

Групната фаза од натпреварувањето ќе почне на 20 мај, а фајналфор турнирот ќе се одржи на 15 и 16 јуни. На него ќе учествуваат земјата домаќин, победниците од двете групи, како и подобрата од двете второпласирани селекции. Доколку ниту една земја не се пријави за домаќин на фјналфор турнирот, тогаш полуфиналето и финалето ќе се играат на два натпревари, дома и на гости.

Се вчитува...