Мотивација пред финалето: Фудбалерите на Реал си добија вредни подароци!

На фудбалерите на Реал Мадрид се уште им стигнуваат награди за успесите од минатата сезона.

Како дополнително би се мотивирал тимот за престојното финале од ЛШ, челниците на кралскиот клуб се одлучија да им ги исплатите комплетните заостанати ветувања од минатата сезона. А, ветувањата се реномираните Ролекс часовници.

„Марка“ пренесува дека секој играч добил ист модел, чија вредност се проценува на речиси 25.000 евра. Покрај часовниците, фудбалерите претходно добија и 70 милиони евра да поделат за освоената Лига на шампиони минатата сезона и за освоената Примера.

Нема сомнеж, дека и за следната година ќе си имаат доста за земање, посебно ако и ја одбранат титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...