Мотивацијата на Мурињо за која зборува цела Италија: „Специјалниот“ му ветил патики од 800 евра ако даде гол, а тој постигна два

Мурињо уште еднаш покажа зошто е „спцијален“, а овој пат Португалецот успеал да мотивира фудбалер на начин за кој зборува целата фудбалска јавност во Италија. Жозе на Феликс Афен-Гјан му ветил патики од 800 евра ако даде гол, а тој успеа да постигне дури два.

Фудбалерите на Рома на гости успеаа да ја победи Џенова со 0-2 во натпревар од 13. коло во италијанската Серија А. Рома потешко од очекувањата успеа да дојде до трите бода, а херој на овој тим беше 18-годишниот Феликс кој доби шанса од Португалецот во финишот.

Младиот фудбалер на Рома за само осум минути успеа да постигне гол за водство од 1-0. Но, тоа не беше се од младиот Гјан, кој во четвртата минута од судиското продолжение го постигна својот втор гол.

Се вчитува...