Мотивирачко видео: Европскиот сон на Вардар…нека стане јаве!

Македонскиот првак Вардар одамна нема вака далеку исчекорено во Европа, а сега се наоѓа пред последната пречка за пласман во групите од Лигата на Европа. Пред „црвено-црните“ стои исправен турскиот гигант Фенербахче, но и тој не е непобедлив.

Ако можеше Работнички да го „тресне“ Трабзон, зошто не би можел и Вардар да го „плесне“ Фенер?!

Мотивацијата е секако огромна, а ова видео треба да разбуди и дополнителни емоции кај Седлоски и фудбалерите…Европскиот сон на Вардар…нека стане јаве!

Се вчитува...