Мотивираниот Еуроникел ја запре серијата на МЗТ

Одличната втора четвртина која ја доби со 32-16, а потоа и солидниот трет сегмент му ја донесоа победата од 92-78 на Еуроникел над шампионот МЗТ Скопје Аеродром во дуелот од осмото коло во првата домашна кошаркарска конкуренција. Првакот беше подобар во воведната четвртина, но таа позитва Еуроникел брзо ја анулираше, а потоа во последниот сегмент беше предоцна за достигнување на високата разлика.

Еуроникел сега има 14 бода и е на четвртото место на табелата, последен во групата екипи со идентичен број бодови која ја предводи лидерот Кожув, потоа е Гостивар, па МЗТ на третото место.

Ѓорѓе Каплновиќ со 27 поени и Александер Марзет со 26 поени беа лидери во триумфот на кавдаречкиот тим. Никола Караколев кој постигна 12 поени беше третиот со двоцифрен ефект кај победничкиот состав. Кај МЗТ, Бојан Крствески со 18 поени беше прв на листата стрелци.

Во оваа рунда, вчера победи забележаа кожув и Работнички, Куманово го победи гостивар, а рундата ќе биде затворена в среда со средбата меќу Пелистер и МЗТ Скопје Уни Банка.

Се вчитува...