Мото ГП: Довициозо го запре Маркез во Австрија

Андреа Довициозо ја прекина серијата успеси на Марк Маркез, успевајќи да триумфира пред шпанскиот мотоциклист во драматичното австриско гран-при од Мото ГП шампионатот.

Италијанецот водеше жестока битка до самиот крај, за да буквално во последниот свиок го мине Маркез и да стигне до својата трета победа сезонава. Дани Педроза го освои третото место откако стартуваше од осмата позиција, а денешната трка беше разочарувачка за Валентино Роси, кој на крајот го освои само седмото место.

Се вчитува...