„Моторот“ на ПСЖ по 11 години си оди од Париз

Еден од моторите на ПСЖ и фудбалер кој веќе 11 години е дел од тимот од Париз Марко Верати, го напушта тимот после повеќе од една деценија. Верати наводно е подготвен да си замине по завршување на сезоната откако во последно време претрпи многу критики од јавноста и од поранешните играчи на парискиот тим.

Италијанските медиуми пишуваат дека на лето ќе заврши соработката, и покрај тоа што играчот од средниот ред има договор до 2026 година. Верати е критикуван од навивачите. Тој одигра 407 натпревари за ПСЖ и постигна 11 гола.

Атмосферата во тимот после елиминацијата од Баерн Минхен е лоша, а веќе наголемо се шпекулира дека тимот ќе претрпи ремонт и дека многу играчи ќе го напуштат тимот, меѓу кои и Нејмар и Меси.

Јувентус будно ја следи ситуацијата на Верати и „старата дама“ е подготвена да испрати понуда за да го врати овој одличен фудбалер назад на Апенинскиот полуостров, но задачата нема да биде лесна ако се знае дека неколку премиерлигаши исто така се интересираат за овој фудбалер.

Се вчитува...