Може Баерн да доминира колку сака, на крај Реал е тој кој поведува (ВИДЕО)

Реал Мадрид води со 0-1 на гостувањето против Баерн Минхен по половина час игра во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите во Минхен.

Баерн одлично го почна мечот, доминираше на теренот создавајќи неколку убави шанси, од кои најголема беше онаа на Лирој Сане уште во 1. минута од средбата.

Но, залудно доминацијата кога, се чини, Реал Мадрид е тој кој секогаш прв поведува. Па, така е и вечерва. Винисиус Жуниор погоди во 24. минута, на асистенција на Тони Крос, за водство на „кралевите“ од 0-1.

Се вчитува...