Новак Ѓоковиќ неодамна испиша историја како прв тенисер кој стигна до 23. грен-слем титула оставајќи ги зад себе Рафаел Надал и Роџер Федерер. Српскиот тенисер има можност и дополнително да ја зголеми предноста во освоените титули пред Шпанецот и Швајцарецот, но некогашиот десетти ас на светот, Хуан Монако верува дека тоа нема да го направи „најголем на сите времиња“.
Според Аргентинецот Рафа Надал и Роџер Федерер го промениле тенисот на непроценлив начин и бројот на освоени титули на Србинот не може да се споредува со тоа.
„Освоените титули на Новак не се мотивација за Рафа. И да било така во минатото тој престана да се бори со тоа. Среќен е за тие што ги има. Ако Ѓоковиќ продолжи да освојува трофеи и слемови може да биде најголемиот во историјата, но Рафа и Роџер непроценливо го променија тенисот. За нив секогаш ќе има место во срцата на навивачите, многу повеќе љубов од таа кон Ѓоковиќ. Со почит кон Ѓоковиќ, кој ќе биде најголем според титулите, но никогаш нема да го има тоа што го има Рафа“, вели Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА