Може ли Борец да ја запре Шкендија!?

Борец и Шкендија со меѓусебниот натпревар во Велес го отвораат 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија гостува на една од најдобрите домашни екипи во лигата, која и тоа како максимално мотивирано го очекува лидерот на табелата.

Тетовци, пак, осоколени по убедливата победа над Македонија ЃП во претходното коло, без сомнение, посакуваат нови три бода во желбата за задржување на лидерската позиција на табелата. Шкендија во Велес ќе биде засилене и со фудбалерот од средниот ред Арменд Алими, кој се враќа во тимот.

ПМФЛ – 15. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Велес: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ

Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...