Може ли Интер да го реши проблемот на Јуве?

Јувентус се соочува со сериозен проблем околу иднината на Гонзало Игуаин, кој е втор најплатен фудбалер во тимот (зад Кристијано Роналдо), но воопшто не е дел од плановите на „старата дама“ за наредната сезона. Позајмицата во Милан се покажа како погрешен потег, па беше прекината веќе во јануари, потоа следеше и преселба во Челси, но Аргентинецот не се прослави ниту во Премиер-лигата.

„Сините“ немаат право да регистрираат нови фудбалери, но дури и во таква ситуација не сакаат да го задржат Игуаин на „Стемфорд бриџ“, па сега челниците на Јувентус планираат да ги искористат преговорите со Интер за да најдат „чаре“ и да се ослободат од фудбалерот кој до неодамна им беше главен адут во битките за скудетото.

Јавна тајна е дека Јувентус подготвува офанзива за Мауро Икарди, а „старата дама“ во понудата за екс-капитенот на Интер ќе го вклучи и Игуаин. Поточно, првата понуда ќе изнесува Игуаин плус 20 милиони евра, што ќе биде почетна точка во преговорите. „Нероаѕурите“ од Јувентус го бараат Дибала, а не Игуаин, па интересно ќе биде дали двата италијански гиганти ќе најдат заеднички јазик за да договорат размена од која сите би биле задоволни.

Се вчитува...