„Може ли Меси на крајот да потпише… Не сакам да давам лажна надеж…“

Лионел Меси ќе мора да си замине од Барселона откако каталонскиот гигант поради финансиски проблеми не е во можност да го потпише новиот договор со Аргентинецот и покрај значителното намалување на неговата плата од над 50%.

Дел од медиумите шпекулираат дека вчерашното соопштение е само начин на Барса за вршење на притисок врз Ла Лига за да биде прифатен договорот на Меси и покрај значителното надминување на буџетот за плати. Сепак, Лапорта гласно ги отфрли ваквите гласини.

„Може ли Меси на крајот да потпише за Барселона? Лесно би ми било сега да кажам дека е возможно, но не сакам да давам лажна надеж никому. Мораме да живееме во реалноста, а реалноста е дека финансиските проблеми се преголеми. Имаме договор со Меси, но поради тие проблеми не може да го регистрираме во Ла Лига“, порача Лапорта.

Претседателот на Барселона откри и дека се слушнал со Аргентинецот по пропаѓањето на преговорите.

„Лео не е среќен, тој толку многу сакаше да остане, а сега ќе мора да си замине од клубот. Тој знае дека сторивме се што можевме. Всушност, јас и неговиот татко ги договоривме сите детали за продолжување на соработката. Само што – тој договор не може да биде регистриран“, истакна првиот човек на каталонскиот гигант.

Се вчитува...