Може ли Монако и до скалпот на „старата дама“?

Фудбалерите на Монако се максимално мотивирани за вечерашниот дуел од Лигата на шампионите против Јувентус, во кое ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен и да направат значаен чекор напред кон големото финале од елитното европско натпреварување. Откако во претходните две рунди ги елиминираа Манчестер сити и Борусија Дортмунд, „кнезовите“ ќе сторат се за денеска да го натераат на капитулација и шампионот на Италија, познат по својата гранитна одбрана.

Монако и Јувентус се сретнаа во полуфиналето од ЛШ во 1998 година, кога Јуве предводен од Марчело Липи отиде понатаму поради победата на домашен терен од 4-1 (хет-трик на Дел Пјеро), пред реваншот на кој Монако славеше со минимални 3-2.

Јувентус е тим со победнички менталитет, доволна му е една или две шанси за да постигне гол и да триумфира. Против себе имаме тим што е поразличен и од Манчестер сити и од Борусија Дортмунд, но во секој случај верувам во мојот тим, убеден сум дека ќе постигнеме гол и овде и на реваншот во Италија. Сепак, ќе мораме многу да внимаваме бидејќи противникот знае да ја казни секоја грешка“ – истакна тренерот на Монако, Леонардо Жардим.

Јувентус досега играл 11 полуфиналиња во Лигата на шампионите, при што „старата дама“ само еднаш забележала победа на гостински терен кога се борела за финалето. Италијанскиот гигант во последните осум години одиграл шест средби со ривали од францускиот шампионат и не претрпел ниту еден пораз (четири победи и две реми). Џанлуиџи Буфон не прими ниту еден гол во нокаут фазата од ЛШ во изминатите три месеци, а мора да се истакне и традицијата која вели дека Јуве никогаш во својата историја не бил елиминиран од европските купови од клуб што се натпреварува во француското првенството (единаесет двомечи, единаесет пласмани на Јувентус во следната рунда).

Монако не загубил меч дома сезонава? Се надевам дека ние ќе бидеме првите што ќе си заминат расположени. Противникот игра одличен фудбал, сега е посилен од претходно, како во нападот, така и во одбраната. Сакаме да играме финале, но за да си ја оствариме желбата ќе мораме да одиграме два одлични натпревари“ – порача Масимилијано Алегри.

Се вчитува...