Може ли Мурињо да го украде Алексис пред носот на Гвардиола?

Жозе Мурињо е подготвен повторно да му ги замрси сметките на Пеп Гвардиола откако стратегот на Манчестер јунајтед најавил дека ќе се вклучи во трката по Алексис Санчез. Чилеанецот летово остана во Арсенал, што значи дека на крајот на сезонава ќе биде достапен без никаква отштета, па „специјалниот“ планира да ја искористи финансиската моќ на Јунајтед за да го доведе овој одличен офанзивец на „Олд трафорд“.

Венгер веќе најави дека нема да го продаде својот најдобар фудбалер ниту во јануарскиот преоден рок, дури и по цена тој да си замине како слободен играч. Пеп Гвардиола повеќе од една година го следи Алексис, летово испрати три понуди што беа одбиени, па Манчестер сити останува фаворит во трката за потпис на овој фудбалер. Сепак, весникот „Сан“ тврди дека градскиот ривал Манчестер јунајтед ќе му ги замрси сметките на Сити понудувајќи му на Алексис сума од 25 милиони фунти за самиот потпис, покрај огромната плата од 300.000 фунти неделно.

Алексис во тимот би го наследил Златан Ибрахимовиќ, кој следното лето дефинитивно би си заминал од „Олд трафорд“, а со Санчез и Лукаку, помогнати од Мхитаријан, Погба и Рашфорд, „црвените ѓаволи“ би имале извонреден потенцијал во играта во нападот.

Се вчитува...