Може ли подобро? Совршена акција на баварците на стартот на новата сезона во Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен веќе води со 4-0 против Шалке во првиот натпревар од новата сезона во Бундес-лигата. На стартот на вториот дел Гнабри го постигна својот втор гол на мечот, но неговата задача во оваа акција беше најлесна. Едноставно Баварците направија совршена акција која почна од нивната половина. Акцијата ја почна Томас Милер, Павар одлично изреагира по што следеше повратен пас на Левандовски до Томас Милер кој со глава на прва ја упати топката напред кон Гнабри. Тој го проигра Сане кој направи одличен трк и на крајот му ја врати на Гнабри кој реализраше на празниот гол.

 

Се вчитува...