Може ли полошо? Одбраната на Јувентус исмејувана од целиот фудбалски свет (ВИДЕО)

Јувентус одигра очаен натпревар против Порто во Лигата на шампионите, на „Драгао“ дозволувајќи два гола на неверојатен начин во својата мрежа и тоа во првите секунди од првото и второто полувреме.

Родриго Бентанкур со катастрофална грешка му го подари првиот гол на Порто, но и први вториот гол одбраната на „Старата дама“ потполно исчезна.

Манафа продре по десната страна, го запосли Марега кој покрај седум фудбалери на Јувентус постигна гол. Не е никакво чудо што оваа реакција на одбраната на Јувентус е предмет на исмејување на социјалните мрежи.

Се вчитува...