Ален Тупајиќ, српскиот тренер кој за првпат е во македонскиот фудбал, од пред некој ден е тренер на Работнички. „Романтичарите“ го назначија третиот тренер за оваа сезона, и натаму не можејќи да го пронајдат вистинското решение за оваа позиција, па тимот го очекува жестока битка за опстанок сезонава.
Тупајиќ денеска дебитира на клупата на Работнички против тимот на Струга ТЛ на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Битка за опстанок против битка за врвот на табелата. Ако на Работнички им се потребни бодови за да избегаат од опасната зона, на Струга ТЛ им се потребни за да ја продолжат трката со Вардар за првото место на табелата.
„Позицијата на Работнички е незавидна и сите во клубот сме свесни дека тимот мора да почне да победува и да освојува поени, затоа што бодовното салдо досега е повеќе од скромно. Затоа и дојдов, да промениме некои работи и да се обидеме да ги подигнеме нивото на играта и мотивацијата. Не е спорно дека Работнички поседува квалитет, но ќе треба тоа да го покажуваме од натпревар во натпревар и пред сѐ да освојуваме бодови. Струга Трим Лум е еден од најдобрите тимови во лигата, но посакуваме позитивен резултат, за да напрвиме еден добар исчекор“, вели новиот тренер, Ален Тупајиќ.
Фудбалерите на Струга Трим Лум сакаат да го следат Вардар во чекор, а за тоа им се потребни три бода и од денешниот дуел против Работнички.
Струга Трим Лум секогаш се обидува да победи, на секој нареден натпревар. Се надеваме дека со таков ќе стигнеме и на врвот. Засега сме во улога на конкуренти за највисок пласман и се надеваме на триумф и на денешниот меч против Работнички“, вели интернационалецот Ласана Дијако.
Тој ја истакнува намерата на стружани да освојат три бода.
„Стратегијата на тимот останува иста, дури и кога тренерот ќе промени по неколку играчи. Сите треба да ја одработат својата улога и најважното е Струга Трим Лум да стигне до успех. И јас се трудам да дадам сè од себе и да му помогнам на тимот во секоја ситуација“, изјави Дијако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

