Вардар знае како се победува Киелце во Скопје

Вардар вечерва (18.45 часот) ќе го пречека Киелце во обид да стигне до втората победа сезонава во Лигата на Шампионите. Предизвикот е огромен бидејќи полскиот првак и сезонава има моќен тим предводен од поранешните „вардарци“ Карачиќ и Душебајев, па „црвено-црните“ ќе мора да одиграат на 100% од своите можности за да имаат шанса да стигнат до цел плен на оваа средба.

Не очекува еден тежок натпревар со лидерот во групата кој, според мене, досега покажа најмногу од сите екипи во групата. Максимално незгоден противник кој е составен од поранешни играчи на Вардар, Карачиќ и Душебајев кои знаат како е да се игра во Скопје. Мислам дека, во секој случај, ќе биде неизвесен натпревар. Клучот на успехот треба да биде во одбраната. Анализираме добро се што значи опасност во играта на Киелце и мислам дека ќе бидеме максимално подготвени за овој предизвик. Не очекуваат два натпревари со овој противник и мислам дека ќе одиграме на нивото на претходните натпревари, и секако се надевам на добра игра и победа на нашиот тим“ – истакна стратегот на „вардарци“, Стевче Алушовски.

Полјаците на последните четири натпревари во Скопје имаат три порази и едно реми, но се надеваат дека овојпат ќе стигнат до цел плен, особено ако се има во предвид фактот дека мечот ќе се игра пред празни трибини.

Се уште имам многу пријатели таму. Знам се за Вардар, знам кој е лудерот во овој тим. Знам колку ќе ни биде тешки, но јас секогаш сакам да играм тешки натпревари. Македонскиот тим игра извонредно цврсто во одбраната. Го гледавме нивниот меч со Фленсбург, одбраната 5-1 со Дибиров како најистурен функционираше одлично. Ќе мораме да најдеме начин да го решиме тој проблем ако сакаме да победиме“, изјави Игор Карачиќ во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...