„Можеби не бев на СП поради мојот став за Косово?“

Кошаркарот на Фенербахче, Никола Калиниќ повторно говореше на темата за тоа што не беше дел од репрезентацијата на Србија на Светското првенство во Кина.

„Тоа е прашање за тој што го правеше тимот. Можеби моите ставови за Косово влијаеја за тоа, можеби и не. Не бев лут, туку бев вознемирен бидејќи морав да дознаам од медиумите никој не ме извести лично. Пет години бев дел од репрезентацијата и мислам дека заслужив да бидам повикан и на СП во Кина. Немам проблем да се повика некој друг, но бев вознемирен поради се“, изјави Калиниќ. 

Калиниќ беше дел од репрезентацијата на Србија која последните пет години имаше успеси на големите натпреварувања, а во 2016 во Рио ја освои бронзата на Летните олимписки игри.

Се вчитува...