МОЖЕН СОСТАВ: Го нема Барди, но тука е Адеми, Јаховиќ ќе го предводи нападот

Македонија вечерва во 20:45 часот во Вадуц ќе треба да ја оправдува фаворитската улога во дуелот против Лихтенштајн. Бодовите не треба однапред да бидат запишани, додека не се освојат.

Ова го потенцираат и од нашиот национален табор пред вечерашниот дуел. Секогаш овие „однапред добиени“ натпревари се покажале како исклучително тешки.

Околу составот кој ќе атакува на победа вечерва, нема дилеми дека селекторот Благоја Милевски ќе излезе со стандарната 4-2-3-1 формација. Не отстапува селекторот околу тактиката, но има неколку измени пред се поради повредата на Барди, и неможноста да биде дел од селекцијата. Но, тука е сега Аријан Адеми кој се очекува вечерва да биде стартер.

Секако дека ќе ни недостига Едис Барди. Меѓутоа, сите останати кои ќе настапат, мислам и верувам дека ќе бидат на потребното ниво. Дали Ракип ќе го замени Барди, ќе одлучиме пред утрешниот натпревар поради неколкуте ситни повреди“, вели Милевски.

На голот без промени, односно тука е Столе Димитриевски. Во одбраната една измена, и тоа Кире Ристевски се очекува да го завземе местото стопер наместо Муслиу. Стефан Ристовски е на десната страна, Велковски партнер на Ристевски во стоперскиот тандем, и Алиоски како лев бек.

Во средниот ред како последни играчи за врска би требало да дејствуваат Аријан Адеми и Стефан Спировски, а офанзивни играчи од средниот ред Елиф Елмас, Дарко Чурлинов на левата, и Александар Трајковски на десната страна, иако во комбинација е и Тихомир Костадинов. Чурлинов и Трајковски треба да бидат поддршка во нападот за Адис Јаховиќ, кој се очекува да стартува од првата минута.

 

Се вчитува...