МОЖЕН СОСТАВ: Во „тактичкиот ритам“ од Ереван на мегдан и со Исланд!

По одличната партија на натпреварот против Ерменија во Ереван, сосема очекувано не се очекуваат големи промени во стартниот состав на Благоја Милевски за денешниот одлучувачки натпревар на Македонија против Исланд за пласман во баражот за СП 2022.

Единствената измена во почетниот тим се очекува враќањето на капитенот Стефан Ристовски на десната бековска позиција, кој во Ереван паузираше поради жолти картони. Во одбраната, покрај Ристовски, стандардно повторно се очекуваат Велковски и Муслиу на централните дефанзивни позиции и Езгијан Алиоски на левата страна, пред голманот Столе Димитриевски.

Во средниот ред Барди и Костадинов, засилени со офанзивно ориентираната тројка која веќе е стандардна низ квалификациите Чурлинов – Елмас – Трајковски, и најистурен во нападот Милан Ристовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје се игра со почеток од 18 часот.

Се вчитува...