Можна ли е супер-размена – Дибала за Бејл?

Герет Бејл е несреќен во Реал Мадрид, „кралевите“ исто така не се задоволни од неговите игри, па се очекува тој по завршувањето на сезоната да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Кога неговиот агент минатата седмица изјави дека Бејл би сакал пак да игра со Роналдо делуваше како почеток на флерт со Јувентус, но последните информации велат дека „старата дама“ навистина ја разгледува опцијата да го доведе велшкиот ас во своите редови.

Во игра е директна размена со која Бејл би дошол во Торино, а Реал во размена за него би го добил Пауло Дибала. Аргентинецот игра „топло – ладно“ сезонава, Алегри го ротира на неколку места во формацијата, но Дибала не успева максимално да се адаптира во улогата на партнер на Кристијано Роналдо, како што тоа му успеа на Марио Манџукиќ.

Дибала и лани се наоѓаше на листата со желби на Реал Мадрид, па во ситуација кога Јуве покажува интерес за Бејл, за очекување е двата гиганти да седнат на маса и да дискутираат за можноста за евентуална размена на големите фудбалски ѕвезди.

Се вчитува...