Можно ли е Клоп да си замине поради Суперлигата?

Јирген Клоп беше еден од првите членови на клубовите кои ќе станат дел од Суперлигата на Европа што јавно говореше против ова натпреварување, верувајќи дека Лигата на Шампионите останува многу подобра опција.

Веднаш потоа се појавија и шпекулации дека Клоп поради овој конфликт би можел да си замине од „Енфилд“, но германскиот стратег веднаш по дуелот со Лидс одговори на ваквите пишувања по медиумите.

„Некаде прочитав дека сум бил подготвен да си заминам од Ливерпул поради Супер-лигата.. Во фудбалот сум повеќе од 20 години и претседателите на различни клубови носеа одлуки без мене. Јас сум тренер, фудбалски работник и не сакам да бидам вклучен во такви работи. Овде сум менаџер, задолжен за тимот, а како што времињата ќе бидат потешки, така мојата желба да останам ќе биде уште поголема. Ова е тешка ситуација, но ќе дадам се од себе да се обидеме да ја решиме“, изјави Клоп.

Се вчитува...