Можно ли е Милан да остане без ЛШ?

Милан пропушти одлична можност да го осигура пласманот во Лигата на Шампионите за наредната сезона откако вечерва одигра без голови против Калјари. За проблемите да бидат уште поголеми, сега на „росонерите“ им се заканува сериозна опасност да паднат на петтата позиција доколку не стигнат до цел плен во последното коло, кога ги очекува исклучително тешко гостување против Аталанта.

Отсуството на Златан Ибрахимовиќ остави преголема трага врз денешното издание на „росонерите“, кои одиграа далеку под нивото од последните два меча, кога на гостински терен ги совладаа Јувентус и Торино. Милан беше тимот со поголем посед на топката, но Калјари ги имаше најубавите шанси, кога Паволети и Годин шутираа опасно со глава, но Донарума со извонредни интервенции спречи радост на гостите од Сардинија.

Наполи и Милан се наоѓаат на делба на третото и на четвртото место на табелата со по 76 бода, еден повеќе од петтопласираниот Јувентус. Сепак, „росонерите“ ја имаат најтешката задача во последното коло бидејќи гостуваат на Аталанта, Јуве својот последен меч го игра во Болоња, додека Наполи ќе биде домаќин на Верона.

Се вчитува...