Можно ли е предавство? Кристијано Роналдо се сели во Челси?

Новиот сопственикот на премиер-лигашот Челси, Тод Боли сака со трансфер бомба да го почне својот мандат како прв човек на двократниот европски клупски шампион. Како што пренесуваат британските медиуми тој имал таен состанок со португалски агент Жорже Мендеш, а една од темите на разговор бил евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во клубот од Лондон.

По купувањето на Боли, клубот се уште нема направено ниту еден трансфер, а како бомба одекна веста дека токму првиот трансфер од доаѓањето на американскиот бизнисмен, може да биде ни повеќе, ни помалку, Кристијано Роналдо.

Сепак, очекува да се види колку е вистина оваа информација, бидејќи минатите денови имаше слична информација и за преселба на Роналдо во Баерн Минхен, па на крајот се остана само како шпекулација.

Се вчитува...