„Можно ли е во Баерн да се толку глупави? Ќе го ослободуваат Нојер?“

Германската фудбалска легенда, Сеп Мајер го предупредува Баерн Минхен дека ќе направи голема грешка доколку се одлучи за ослободување на голманот Мануел Нојер.

Нојер и Баерн не може да се договорат за продолжување на соработката која според актуелниот договор треба да заврши во 2021 година. Голманот сака подолгорочен договор, услов кој баварците не го прифаќаат. Мајер вели дека Баерн мора да направи се за да го задржи.

„Баерн ќе го ослободува Нојер? Не верувам дека се толку глупави. Мора да направат се што е во нивна моќ да го задржат, затоа што во спротивно мислам дека Баерн многу ќе зажали. Во моментов нема подобар голман на светот и нема да има во следните пет години, сигурен сум дека ќе биде на врвот и во следните пет години“ – вели Мајер кој целата своја играчка кариера ја мина во Баерн, а беше и репрезентативен голман на селекцијата на Западна Германија.

Се вчитува...