Мрква знае што го чека: Многу добро знаеме каква пеколна атмосфера прават Македонците

Чешка со многу среќа успеа да избегне пораз на синоќешниот дуел со Македонија, со гол во самиот финиш ремизирајќи 24-24 во меч во кој 60 минути беше во резултатска негатива.

Најзаслужен за големиот камбек е голманот Томаш Мрква, кој бранеше феноменално и со 18 интервенции беше најдобар поединец во чешкиот табор. Одличниот чувар на мрежата не го криеше задоволството од избегнатиот пораз, но и предупреди дека потешкиот дел од задачата допрва следи – да се стигне до позитивен резултат на жешкиот терен во Скопје.

„За жал, не почнавме во Злин онака како што знаевме. Бевме надвор одритам, но благодарение на одличната публика успеавме да се вратиме. Работата воопшто не е завршена, а пред нас е исклучително тешко гостување. Ќе биде неизвесно, почнуваме од 0-0, но знаеме колку е тешко да се игра во Скопје. Од претходните години се сеќаваме каква пеколна атмосфера прават Македонците, мораме да најдеме начин да останеме смирени и да ја играме сопствената игра, да не потпаднеме под притисокот на публиката“, изјави Мрква.

Се вчитува...