МРТВ ќе ги пренесува настапите на Македонија на ЕП 2022

Македонската радио телевизија ќе ги пренесува настапите на ракометната репрезентација на Европското првенство во Унгарија и Словачка 2022, потврдија денеска од националниот програмски сервис.

Тоа значи дека љубителите на ракометот во Македонија ќе може на македонски јазик да ги следат пренесите на репрезентацијата.

„Men’s EHF EURO 2022 – на МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА. Директни преноси во термините од 18.00 и од 20.30 часот во групната фаза, а потоа и од 15.30, од 18.00 и од 20.30 во главната рунда. Специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија, како и пред полуфиналето и финалето“, потврди главниот уредник на спортската редакција во МТВ, Драган Николовски.

Македонија на ЕП 2022 ќе игра во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а првиот натпревар е против Словенците на 13 јануари.

Се вчитува...